ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО е можно да го повика Ахмети на разговор

ОЈО е можно да го повика Ахмети на разговор

Обвинителството можно е да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Advertisements

„Јавното обвинителство издаде наредби за објавување на национална и меѓународна потерница за осомничениот. Домашните и меѓународните органи кои се должни да ги спроведат тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и повикување и водење разговори со други лица кои можеби имаат сознанија за локацијата каде што се наоѓа осомничениот“, велат од Јавно обвинителство.

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ги слушнал овие информации за да го повика Ахмети на разговор, истакнувајќи дека тоа нема врска со политички прогон, особено кога Груби е вклучен во Црната листа на САД.

За вицепремиерот Арбен Фетаи, изјавата на Ахмети во врска со локацијата на Груби е вознемирувачка и скандалозна.

„Кривична одговорност има секој што има сознанија за локацијата на такво лице кое правосудните институции го бараат со меѓународна потерница и не ги споделува информациите со институциите на редот и законот. Нашето обвинителство треба да го повика господинот Али Ахмети на разговор за да побара информации што веќе ги има во врска со локацијата на г. Груби.Во врска со предавањето на господинот Артан Груби, Али Ахмети всушност преминува некои линии на владеењето на правото и јас кажав и повторно кажувам дека не смее да има пазарење со криминализирани лица кои се бараат за кривични дела каде се злоупотребени милиони евра финансиски средства на државата и граѓаните. Пазарење со криминалци нема и не може да има“, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер.

Груби кој повеќе од две недели не е достапен за правосудните органи, на Фејсбук напиша дека е во приватна посета во странство и е чист како солза. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера изјави дека Груби е на албанска територија и дека е подготвен да се врати, но под услов да нема одмаздничка и селективна правда.

Новинар: Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button