ОЈО поведе постапка против Деспотовски и други седум лица за зоупотреба на служба
ОЈО поведе постапка против Деспотовски и други седум лица за зоупотреба на служба

Обвинителството оформи предмет против осум лица за злоупотреби при јацна набавка во диркцијата за ТИРЗ при што е направена штета од над десет милиони евра. Кривичната пријава е поднесена од Управата за финансиска полиција, а првоосомничен во овој случај е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Покрај Деспотовски, осомниечени се и лица од бирото за јавни набавки и лица од комисијата за жалби при јавни набавки. Станува збор за оглас за јавна набавка за изградба на внатрешна инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица. Огласот за работа на овој проект го добила фирма чија тендерска документација воопшто и не била прегледана. Интересно е и што фирмата која го добила тендерот, во својата понуда имала наведено многу повисока цена, но драстично помал рок за завршување на работите.
„Трите лица од Бирото за јавни набавки не извршиле контрола на исполнетоста на условите по однос на техничката и професионална способност за изведување на предвидените работи. Вториот учесник во постапката поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, но таму претседателот и три члена го игнорирале доставениот стручен наод и мислење од вешто лице од областа на градежништвото кој бил основа за жалбените наводи, па донеле решение со кое жалбата на другиот економски оператор ја одбиле поради неоснованост“, велат од Основно Јавно Обвинителство.
По ова, откако оваа фирма го добила тендерот, Деспотовски во два наврати го зголемувал договорениот рок од 120 календарски денови за завршување на проектот, како и сумата која ќе треба да и биде исплатена на компанијата.
„Два месеца по почетокот на работите, осомничениот директор потпишал анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за над 84 милиони денари и го продолжил првичниот рок за изведба на работите. По три месеци тој потпишал и втор анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за над 34 милиони денари и уште еднаш го продолжил рокот за изведба на работите“, нагласуваат од Основно Јавно Обвинителство.
Откако фирмата не го испочитувала рокот за завршување со градежните активности, договорот со неа не бил раскинат, а не и било наложено ниту да плаќа пенали поради доцнењето. Со ова, како што се наведува од обвинителството, ова правно лице не само што со повисока понуда го добило тендерот туку поради неизвршување на службената должност на обвинтетите, компанијата успеала да се здобие и со значителна имотно-правна корист. По оформување на овој предмет, обвинителството до судот доставило предлог за замрзнување на имот на компанијата – хипотека на недвижен имот во Карпош и Кисела вода, забрана за располагање со средства од четири трансакциски сметки, како и забрана за располагање со две патнички, осум товарни возила, кипери и градежна опрема. Покрај ова, по налог на обвинителството, судот веќе му го одзеде пасошот на Деспотовски како првообвинет во случајот, кој допрва ќе треба да ја докажува својата невиност.
Михајло Донев