ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денес, студено со услови за појава на магла по одделни котлини
Времето денес, студено со услови за појава на магла по одделни котлини

Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.