Надал: Жалам што никогаш не го освоив трофејот од завршниот Мастерс

Славниот шпански тенисер, Рафаел Надал, неодамна стави крај на својата богата кариера и се повлече од активното играње, а сега во разговор со домашните медиуми откри дека жали само за еден трофеј кој никогаш не успеа да го освои.
„Имав премногу среќни моменти во кариерата, исполнети со многу успеси и титули. Да можам да се вратам назад, не би менувал ништо. Само посакувам да немав толку повреди и најмногу жалам што никогаш не го освоив трофејот од завршниот Мастерс. Не е страшно и без него, но ќе беше убаво да го имам во колекцијата“, изјави шпанецот.
Во секој случај, Надал остана врежан во меморијата на навивачите како еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а кариерата ја заврши со вкупно 92 титули во сингл-конкуренција, од кои дури 22 се од Грен-Слем турнирите.