СПОРТ

Преседан, за прв пат има двајца светски шампиони во шах!

За прв пат во повеќе од 100-годишната историја на шаховските натпреварувања на ФИДЕ, светот ќе има двајца светски шампиони.

Advertisements

Тоа ќе бидат Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњаски кои испишаа историја, бидејќи исходот од Њујорк досега не е виден во историјата на шахот.

Карлсен и Непомњаски одиграа седум партии по ред во финалето во блиц-шахот – првите две ги доби Норвежанецот, вторите две Русинот, а потоа имаше и три нерешени. Беше решено да се направи преседан и да се подели првото место во оваа дисциплина за првпат досега.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button