СВЕТ
Пукање пред ноќен клуб во Њујорк, најмалку 11 ранети
Пукање пред ноќен клуб во Њујорк, најмалку 11 ранети

Најмалку 11 лица се повредени во пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк, јавува Си-ен-би-си.
Првичните информации велат дека пукањето се случило во средата околу 23:20 часот по локално време.
Полицијата во Њујорк сè уште не објави детали за инцидентот. Состојбата на повредените не е позната.