СПОРТФУДБАЛ

Во Воска Спорт пристигнаа четворица футбалери, кои играа во финскиот шампионат

Екипата на Воска Спорт по разделбата со девет имиња од есенскиот дел од сезоната, почна да се екипира за понатаму и за битката за опстанок во елитното друштво донесе четири странски новитети.

Advertisements

Нови членови на охридскиот клуб се Таики Кагајама (28), Халил Багчи (21), Туре Сира (30) и Филип Валенчич (32), за сите искуството во Македонија ќе биде прво во нашата земја и сигурно дека ќе бидат од голема помош за Воска.

Кагајама е Јапонец, игра на левата крилна позиција, а доаѓа од шведскиот клуб Сундсвал. Низ кариерата настапуваше и за Самгурали (Грузија), Сабах (Малезија), Интер Турку, Коколан, Муса (Финска), како и Универзитет Касаи (Јапонија).

Багчи е голман од Турција, последен клуб му беше Газијантеп од Турција каде не доби минутажа, а има искуство во ХЈК Хелсинки и Салпа (Финска). Финецот Сира доаѓа од Хака, игра како играч за врска, а беше дел уште и од екипите на Илвес и Оулу, за него Воска ќе биде прво интернационално искуство.

Последното засилување, Филип Валенчич од Словенија, претежно играл како плејмејкер, знае и на десната крилна позиција и во нападот, а има богата биографија со настапи за Хонка, КУПС, ХЈК Хелсинки, Интер Турку, Кеми (Финска), Стабаек (Норвешка), Нотс Каунти (Англија), Монца (Италија), Олимпија Љубљана, Интерблок (Словенија)…

Сите играчи ги поврзува едно нешто – настапи во финските шампионати./Gol.mk./

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button