
Дани Олмо, шпанскиот репрезентативец и играч на Барселона, се соочува со сериозни проблеми поради финансиските ограничувања на Ла Лига.
По летниот трансфер од Лајпциг за 55 милиони евра, Олмо одигра 15 натпревари за Барселона, постигнувајќи шест гола и една асистенција. Меѓутоа, поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, Ла Лига го спречи клубот да го регистрира Олмо за 2025 година.
Олмо е избришан од списокот на играчи на Барселона на официјалната веб-страница на Ла Лига, што значи дека не може да настапува за тимот. Ова ограничување влијае и на неговата репрезентативна кариера. Додека не биде регистриран, тој не може да игра ниту за националниот тим на Шпанија.
Барселона мора итно да најде начин да го регистрира Олмо или тој ќе биде принуден да пронајде нов клуб до крајот на јануари за да може да игра до крајот на сезоната. Bо март Шпанија игра против Холандија во четвртфиналето на Лигата на Hации, а во јуни се очекува да настапи на завршниот турнир. Овој проблем е огромен удар за Барселона и репрезентацијата на Шпанија.