ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автомобилот со три мртви тела е извлечен од реката Вардар

Автомобилот со три мртви тела е извлечен од реката Вардар

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информираат дека автомобилот кој попладнето излета во реката Вардар кај скопското село Рашче е извлечен и во него биле пронајдени телата на тројца патници.

Advertisements

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, велат од ЦУК.

Во автомобилот, како што претходно соопшти полицијата, било и едно дете кое излетало од возилото пред тоа да падне во реката. Детето е пронајдено од минувачи, по што е пренесено на Клиниката за детска хирургија. Оттаму велат дека детето нема повреди кои би му го загрозиле животот, но е задржано за опсервација.


Автомобилот со три мртви тела е извлечен од реката, пишува Алсат. Претходно, како што објави Алсат, со автомобилот патуваше и 5-годишно дете кое излегло од автомобилот при превртувањето и за среќа го пронашле некои случајни минувачи и го испратиле во болницата на 8 септември./ Алсат. mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button