КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси убедливи против Атланта,  Леброн сруши рекорд на Џордан

Кошаркарите на Атланта Хоукс забележаа нов гостински пораз во НБА лигата, откако во еден од највозбудливите натпревари во синоќешната програма беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс со 119-102.

Advertisements

Првата ѕвезда на Хоукси, Тре Јанг, имаше фантастична партија со 33 поени, но таа остана во сенка на она што го направи Леброн Џејмс. Имено, НБА ветеранот постигна 30 поени за Лејкерси и со тоа стана играчот со најмногу одиграни натпревари во кои успеал да постигне барем толку поени.

Ова беше 563. натпревар на „кралот“ во НБА со ваков учинок и зад себе го остави легендарниот Мајкл Џордан. Вистината е дека на „летечкиот Мајк“ му беа потребни петнаесет сезони и 1.072 натпревари да го стори тоа, додека ѕвездата на тимот од Лос Анџелес тоа го постигна во 22-та сезона и по 1.523 одигран натпревар.

Десет поени помалку од него постигна Остин Ривс, додека во редовите на Атланта, покрај Јанг, расположен беше и Џејлен Џексон со 19 поени.

Екипата на Бостон Селтикс продолжува да реди победи во најсилното натпреварување. Овој пат жртва на Селтикси беше Хјустон Рокетс, кој пред својата публика беше немоќен и поразен со 86-109. Вајт со 23 и Татум со 20 поени беа предводници на Бостон во оваа победа, додека за домашниот тим најпрецизен беше Грен со 27 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button