ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија „се избори“ за место меѓу земјите со најлош јавен превоз

Македонија „се избори“ за место меѓу земјите со најлош јавен превоз

Скопјани 2024 година ќе ја паметат најмногу по хаосот со јавниот превоз и чекањето со часови на автобуските станици.

Advertisements

Чекањето и туркањето да се најде место во нередовните и ретки автобуси на ЈСП беше предизвик сам по себе уште од раните утрински часови.

„Часовникот покажува 7:36 и ваква е состојбата од раните утрински часови и за сите овие граѓани кои чекаат да одат на своите работни места и за учениците кои се многубројни и доцнат на училиште“, известува Авни Тахири – новинар.

„Учам во АСУЦ. Колку е далеку од овде? Предалеку, ми требаат два автобуса да одам. Голем хаос е, нема автобуси и сега ќе треба да одам пешки. Веќе доцниш на училиште! Да. доцнам. Како ќе се оправдаш? На учителката ќе и кажам дека ќе доцнам затоа што сум од Визбегово, а тука нема автобуси“, нагласи еден ученик.

Приватните превозници првично го намалија бројот на автобуси, барајќи зголемување на цената по километар.

Поради долгото чекање да се исполнат нивните барања, некои транспортери се задолжија на бензинските пумпи, додека други беа принудени да ја напуштат земјата во потрага по подобар живот.

„Имаме околу 200 автобуси на располагање и доколку се создадат услови можеме веднаш да почнеме со работа и да и помогнеме на ЈСП бидејќи сите знаеме дека имаат недостиг од автобуси. Автобусите што ги имаме не се целосно искористени, работата што ја опслужуваме можеме да ја покриеме со 120 автобуси. Имаме премногу автобуси со кои можеме да му помогнеме на ЈСП додека не се поправи работата на нив. Што очекувате од Советот денеска? Да, очекуваме да донесат адекватни одлуки за да се има разбирање за поскапувањето и консолидирањето на работното време“, изјави Хисен Халили – возач на приватен автобус.

Во време кога бројот на приватни превозници беше намален, автобусите на ЈСП исто така останаа без нафта и тоа ја принуди владата да интервенира од државните резерви.
Приватните превозници се вратија да сообраќаат иако наместо 30 денари како што бараа, Советот на Град Скопје ја зголеми за 20 денари, цената по километар.

На само неколку дена до крајот на годината, приватните превозници сеуште ја чекаа отплатата на долгот од ЈСП. Според рангирањето на Европската комисија, оваа година Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, објави Euronews.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button