ЕУ внимателно ќе ги набљудува политичките движења во Сирија
ЕУ внимателно ќе ги набљудува политичките движења во Сирија

Европската унија (ЕУ) внимателно ќе ги набљудува политичките движења во Сирија и ќе биде блиску до оваа земја доколку цели кон мир во иднина, но нема да поддржи исламизација на Сирија, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок. Таа, заедно со нејзиниот француски колега, Баро, отпатуваа во Сирија, во име на ЕУ, за да ја видат ситуацијата одблиску.
„Ние во Европа нема да бидеме финансиери на исламизацијата на општеството. Од една страна, има надеж за слобода по толку години граѓанска војна, тортура и угнетување. Од друга страна, многу луѓе се загрижени дека надежта ќе умре за жените и етничките малцинства. Ова ми стана јасно“, изјави Аналена Бербок, министер за надворешни работи на Германија.
Сепак, според неа, новиот сириски лидер признал дека ја разбира новонастанатата ситуација и дека има намера да го реши прашањето за учеството на жените во јавниот живот. Бербок ја повика Русија да се откаже од своите воени бази во Сирија. Според неа, ваквата одлука би покажала почитување на суверенитетот на Сирија
„Сирија не смее повторно да стане заложник во рацете на странските сили или експеримент за радикалните сили како ИД. Ова не е само во интерес на Сиријците, кои толку долго се надеваа на својата слобода, туку и во интерес на нас, Германците и Европејците“, изјави Аналена Бербок, министерка за надворешни работи на Германија. /Алсат.мк