2024-година на пресвртница на политички план
2024-година на пресвртница на политички план

2024 година беше пресвртница за власта и опозицијата во земјава. ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, седум години откако СДСМ беше водечка партија. Партијата на Христијан Мицкоски и коалицијата победи на изборите со 58 пратенички мандати и за коалициски партнер ги избра ВЛЕН со 14 пратеници и ЗНАМ со 6 пратеници.
Предизборниот период ги собра поранешните политички противници Али Ахмети и Зијадин Села во предизборна коалиција во која се дел и други политички субјекти.
Европскиот фронт ја смета власта без етнички легитимитет, бидејќи тие се победничката партија на Албанците која заслужува место во владата. ВЛЕН бара ДУИ да се навикне да биде во опозиција и да се реформира.
„Овде Охридскиот договор е длабоко повреден затоа што Охридскиот договор мора да се чита со дух и буква, а ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен или повреден и целосно сме мобилизирани и организирани во одбрана на легитимитетот. Не случајно се поставува прашањето затоа што луѓето нè прашуваат нас; зошто да гласаме кога некој одлучува без наша волја“, изјави Али Ахмети, прв човек на ДУИ.
„Цело време не обвинуваа дека немаме легитимитет. Денеска пред вас повторувам дека ВЛЕН е победник на изборите во албанскиот политички табор. ВЛЕН е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност. ВЛЕН е новата политичка структура која ќе биде носител на успешната институционална транзиција“, нагласи Изет Меџити, прв вицепремиер, ВЛЕН.
СДСМ ја претрпе најголемата загуба од последните изборни циклуси и остана со само 18 пратеници. Нејзиниот претседател поднесе оставка, а раководењето со партијата го презеде поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, близок пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Од оваа партија ја обвинуваат ДУИ за слабиот резултат на изборите и велат дека се во процес на внатрешна реформација.
Меѓу главните ветувања на оваа влада е борбата против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните.
Заедно со парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот кандидат победија и на претседателските избори. Гордана Силјановска Давкова е избрана за претседател по предност од близу 300 илјади гласови пред противкандидатот Стево Пендаровски.
Фатлуме Дервиши