Охрид со покачени цени за празниците, Туристи: Некои цени се повисоки од европските
Охрид со покачени цени за празниците, Туристи: Некои цени се повисоки од европските

Кафето кое го пиевме во Охрид е поскапо отколку во Германија, вели еден иселеник, кој за новогодишните празници дојде во родниот крај. Вели загрижен сум како живеат моите роднини во Охрид и Македонија со овие цени.
„Во однос на европските цени, се исти, а некои производи се поскапи, отколку во Германија. И тука сум малку разочаран, бидејки фамилијата овде знам колку заработува, и како преживуваат, како живеат од месец до месец, тоа е чудо.Може ли да направите една споредба. Колку го пиете едно кафе во Германија?2,5 евра е кафе во Германија, а тука е повеќе од 3, евра, 4,5 зависи во кој дел од градот се пие“, изјави еден иселеник во Германија.
Туристите кои за Нова година престојуваа покрај Охридското Езеро, Охрид ги пречека со многу повисоки цени како на услугите во рестораните и кафетериите, така и со поскапи аранжамани на смесстувањето.
„Се навикнавме на цените донекаде.Отприлика сега е секаде исто, но малку е поскапо, во однос на минатото. Но бидејки е Нова година и бидејки туристите се подготвени на тоа, знаат дека така ќе биде, како и во секој друг град кој е туристички“, нагласи Сандра Јовановиќ -менаџер во туристичка агенција во Србија.
Но имаше и такви, кои рекоа дека цените не им сметаат и дека се дојдени да трошат.
„Се е нормално.Не се високи. Многу е добро. Поскапи се цените во Софија. Софија е поскапа“, рече една туристка од Бугарија.
„Слични се цените како и во Србија, можеби се и малку поповолни.На гостите од Србија пристпани им се цените“, изјави една туристка од Србија.
Владо Суклоски, туристички работник смета дека цените ттреба да се намалат кога ќе заврши туристичкиот пик.
„ Мислам дека не треба да дозволи охриѓани да бидат туристи 12 месеци, да плаќаат цени на услуги, посебно во ресторани и кафетерии, кои ќе се истите како во јули и август, така и во септември.Никој не е против цените да се зголемат во шпицот на сезоната.Мислам дека после сезоната некаде до март месец треба да се намалат цените , да можат и Охрид да види бенефит од туристите“, изјави Владо Суклоски-туристички работник.
Општината може да помогне вели, со намалување на некои локални давачки, за угостителите кои ќе ги намалат цените.Нo, не само ручекот, туку и пиењето кафе станува луксуз во Охрид. Едно кафе во центарот на градот со поглед на езеро се движи од 120 до 180 денари. Шише сок до 180 денари, домашно пиво и до 180 денари. Цените на храната се движат од 400 денари па нагоре, пица од 400 до 600 денари, бургер од 290 до 450 денари.
Мики Трајковски