ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок

Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се и приближно 300 парични казни.

Advertisements

Анализите на податоците за спроведените надзори во 2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ги евалуира во првите месеци од годинава. Тие  ќе ја дадат и точната бројка – колку вкупно контроли спровеле официјалните ветеринари и инспекторите за храна во внатрешниот промет и при увоз.

Како што велат за МИА од АХВ, досега реализираните контроли во внатрешниот промет и при увоз, 117 465, ветуваат дека не само што ќе се достигнат, туку и ќе се надминат спроведените 125 909 контроли во 2023 година на операторите со храна во земјава и на пратки што се увезуваат и транзитираат низ државава.

Во втората половина од 2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство ги интензивираше вонредните инспекциски контроли, ставајќи акцент на контролите кои ги спроведе кај операторите со храна кои работат со ранливите категории граѓани: игротеки, домови за стари лица, кујни во градинки и основни и специјални училишта, пазари за стари работи, но и во угостителски објекти.

– При увоз на храна од неживотинско потекло се реализирани 44 137 инспекциски надзори, а при увоз на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, 10 352. Инспекторите за храна на граничните премини како небезбедни, вратиле/уништиле седум пратки со над 74 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, истакнуваат од АХВ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button