ВЕСТИСВЕТ

Снежна бура во САД и Европа – затворени аеродроми, откажани летови

Обилните снежни врнежи го блокираа авиосообраќајот и предизвикаа големи проблеми во делови од Велика Британија, Германија и Холандија. Неколку германски аеродроми денеска ги одложија летовите поради снежни врнежи и замрзнат дожд. Во Франкфурт, на најголемиот германски аеродром беа откажани 120 полетувања и слетувања од планираните 1090 за денеска. Лошата видливост дополнително го отежнува воздушниот сообраќај.

Advertisements

Светските медиуми пренесуваат дека на аеродромите во Мадрид и Барселона, исто така, имало доцнења на летови, дури и по 3,5 часа, а на аеродромот во Амстердам, откажани биле 68 летови и повеќе од 200 биле одложени.

Нарушен е и железничкиот сообраќај, со бројни откажувања на возови, а се очекува проблемите да продолжат и следната недела

Во Норвешка се предвидуваат обилни снежни врнежи на југоистокот, додека во Шведска е издаден портокалов и жолт аларм поради студеното време, а возовите на северот на земјата беа откажани.

Снежна бура денеска го зафати и источниот дел на САД, а неколку држави како Кентаки, Вирџинија , Канзас и Мисури го подигнаа алармот на ниво на вонредна состојба.

Според метеоролозите, повеќе од 60 милиони луѓе се под зимска тревога ширум земјата, а на некои места се очекуваат и најобилните снежни врнежи во последните десет години.

Националната метеоролошка служба предупреди на опасност од мраз, снег и силен ветер од западен Канзас до крајбрежните држави Мериленд, Делавер и Вирџинија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button