Изминатата година уништени се околу 74 тони небезбедна храна
Изминатата година уништени се околу 74 тони небезбедна храна

Во текот на 2024 година Агенцијата за храна и ветеринарство има констатирано голем број слуачи со труење со храна и производи со поминат рок на траење. Агенцијата изврши 30.000 инспекциски контроли и како резултат на тоа, уништени се десетици тони небезбедна храна, издадени се 2000 решенија за отстранување на нерегуларностите и изречени се 300 парични казни.
Агенцијата спроведе поинтензивни инспекции со операторите со храна кои работат со најчувствителните категории на граѓани, како што се домовите за стари лица, кујните во градинките и основните и специјалните училишта.
„При увоз на храна од неживотинско потекло извршени се 44.137 инспекциски надзори, додека при увоз на производи и материјали кои доаѓаат во допир со храна 10.352. Инспекторите за храна на граничните премини, како небезбедни, уништија 7 пратки со над 74 тони небезбедна храна од неживотинско потекло“, велат од Агенција за храна и ветеринарство.
Извршени се 54.489 инспекциски надзори при извоз и увоз на храна.
Во однос на здравствената заштита и благосостојбата на животните, на граничните премини извршени се повеќе контроли за месни производи како и за живи животни, дадени се 267 одлуки за едукација и донесени се 136 одлуки за отстранување на недостатоците утврдени со контролите.
„Во однос на контролите на официјалните ветеринари на граничните премини, при увоз на храна од животинско потекло, храна за животни и увоз на живи животни, од јануари досега се извршени 20 479 надзори, од кои 15 431 на пратки за увоз и 5 048 контроли поврзани со пратки кои транзитираат низ земјата“, велат од Агенција за храна и ветеринарство.
За една година, 20.479 надзори на гранични премини.
Исто така, во текот на изминатата година имало 317 иницијативи во Секторот за заштита на потрошувачите. Од нив, 13 биле за сомневање за труење со храна , за производи со истечен рок на траење 12, за присуство на загадувачи 8, како и за недостаток на хигиена 7./Алсат.мк
Линд Ебиби