
Скопје и натаму е најзагаден град во Европа и е рангиран на петтото место во светот според податоците на платформата за мерење на загадувањето на воздухот “IQ Air”. Околу утринските часови, главниот град на Македонија се искачи на листата веднаш по Лахор, Делхи, Ханој.
Граѓаните велат дека загадувањето на воздухот во Скопје веќе не е ништо ново, бидејќи секој ден се повеќе се соочуваат со загаден воздух.
„Скопје денес е најзагаден воздух во Европа. Не знам дали ќе има чист воздух. Што треба да се преземе? Нешто порадикално за да имаме свеж воздух“, рече една граѓанка.
„Ова трае со години и никој не презема ништо и не знам дали нешто може да се направи“, додаде друг граѓанин.
Со индекс 165, воздухот во Скопје влезе во категоријата „нездрав воздух“, а ова ниво на загаденост се смета дека предизвикува сериозни здравствени проблеми, особено за ранливите категории граѓани.
Индексот покажува високи концентрации на ПМ2,5 честички во воздухот, кои се водечка причина за респираторни и кардиоваскуларни заболувања.
На граѓаните им се препорачува да избегнуваат престој на отворено, особено во раните утрински и вечерни часови, кога концентрациите на загадувачи се највисоки./Алсат.мк
Авни Тахири