Југохром десет години по затворањето сеуште загадува
Југохром десет години по затворањето сеуште загадува

Комбинатот „Југохром“ е уште опасен за животната средина. Иако затворен речиси една деценија, таму се наоѓа над 90 отсто од токсичниот и канцероген отпад во земјата. Земјиштето на оваа населба од ден на ден продолжува да се загадува од отровниот отпад. Покрај загадувањето на почвата, дел од отпадот се излева во реката Вардар, а остатокот завршува во подземните води на изворот Рашче, кој го снабдува главниот град со вода за пиење. Владата и Министерството за екологија велат дека се свесни и работат на решение.
„Количински 90 проценти од опасниот отпад во Македонија е од „Југохром“. Ова е сериозна ситуација и нашиот пристап е многу сериозен во овој поглед. Ние како министерство плаќаме осум работници за стопанисување со станицата за филтрација, но во исто време алармиравме во Владата да се најде решение или со јавно-приватно партнерство, затоа што, освен што овие остатоци се токсични, има и отпад. Ќе треба да направиме баланс да најдеме кој да го исчисти за да ја надомести вредноста затоа што е опасно не само за Јегуновце туку за целиот регион“, рече Изет Меџити- министерство за животна средина.
Најопасниот токсичен отпад во „Југохром“, според професор Иљаз Иљази, е бихроматот, кој според Илјази ја загадува почвата и подземните води. Илјази инсистира Министерството за екологија прво да го провери системот за филтрирање но и до која длабочина овој отров навлегол под земја и да преземе мерки што е можно побрзо.
„Одделот за хемија има остатоци од бихромат. Земјата го впила и таму има голем проблем .На ниво на Европа нема опасност, но Тетово и Скопје да. Министерството за екологија треба да го провери тоа и да се произнесе за ефикасноста на системот таму бидејќи тоа е ризик кој се уште постои со години. Нормално, во овие случаи треба да се отстрани почвата и да се направи анализа до каде е навлезено, бидејќи бихроматот е доста опасен за луѓето“, рече Илјаз Иљази- поранешен вработен во „Југохром“.
Подготвеност за чистење на отровниот отпад пред неколку недели изрази и првиот човек на општина Јегуновце, кој воедно побара од Владата да се ангажира за поставување европски стандарди и повторно отворање на Југохром, со цел отворање нови работни места за жителите на Јегуновце и околните општини./Алсат.мк
Башким Сулејмани