ВЕСТИСВЕТ

Трамп: Канада би требало да стане 51. држава на САД, многумина нејзини граѓани го посакуваат тоа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, по вчерашната оставка на канадскиот премиер, Џастин Трудо, оцени дека би било добро Канада да се спои со САД и оти „многу луѓе во Канада би сакале“ таа да стане 51-та американска држава.

Advertisements

Трамп на својата социјална мрежа „Truth“ напиша дека САД повеќе не можат да ги издржат големите трговски дефицити и субвенции што ѝ се потребни на Канада за да опстане, велејќи дека Трудо го знаел тоа и затоа поднел оставка.

„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51-та држава. Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги толерираат големите трговски дефицити и субвенции што ѝ се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше ова и поднесе оставка. Ако Канада се спои со САД, ќе нема тарифи, даноците би биле многу пониски, а тие би биле потполно безбедни од опасностите на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат. Каква голема нација би биле заедно!!!“, напиша Трамп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button