ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Бегалците од правдата да се соочат со аргументите и доказите

Премиерот Христијан Мицкоски не откри детали за осомничените лица коишто се недостапни на органите на прогонот. Во одговор на новинарско прашање Мицкоски ги повика да се вратат во земјава и да се соочат со доказите.
„Јас ги повикувам сите коишто се бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите и аргументите и доказите, за да можеме да извлечеме заклучок дали се тие виновни за тоа за коешто постои основано сомневање или не се виновни“, рече Мицкоски.