ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загадување; Еко активистите бараат зачестени инспекции

Земјата и понатаму е меѓу првите земји во светот по загаден воздух. Според IQ Air, Северна Македонија е на петтото место, додека нашата земја ја следат Даха во Бангладеш и Алмати во Казахстан. Прво и второ рангирани се индиските Делхи и Калкута, а потоа виетнамскиот Ханој и пакистанскиот Лахоре.

Advertisements

Според ова рангирање, воздухот во Скопје и Тетово продолжува да се категоризира како штетен воздух за граѓаните, а активистите бараат Владата да ги зголеми инспекциите против најголемите загадувачи на воздухот.

„Потребно е стабилно решение и она што треба да се направи е сериозноста на институциите затоа што досега само на хартија слушавме ветувања и планови, но на терен се докажа дека нема резултат. Владата треба да направи 24-часовна проверка на сите големи индустриски гранки кои имаат интегрирана А дозвола, во случајот со Тетово се докажа дека по затворањето на најголемиот загадувач во регионот имаме 60% помало загадување, но тоа е недоволно и треба уште да се работи во оваа насока“, рече Елмедина Абдулаху – активистка „Подобро за Тетово“.

Во меѓувреме, според премиерот Мицкоски, единствен начин за намалување на загадувањето е промена на парното и изградба на гасни централи, но вели дека за таков процес се потребни години.

Што се однесува до рангирањето на земјите со најчист воздух во светот, на прво место се Кучинг од Малезија, Јоханесбург од Јужна Африка и Детроит од САД.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button