ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изборот на нов претседател на Судски не е реформа

Премиерот Христијан Мицкоски не е задоволен од промените во Судскиот совет и изборот на новиот претседател не го смета за реформа. Одговарајќи со иронија, тој кусо го коментираше изборот на Александар Камбовски на чело на ова тело, кое периодов е во центарот на вниманието поради надворешните притисоци за реформи.

Advertisements

Судскиот совет пред четири дена едногласно го избра членот Александар Камбовски за нов претседавач. Камбовски кариерата ја започна како судија во Основниот суд- Битола, потоа работеше како адвокат во приватна фирма, а потоа како судија во Апелација во Битола. За член на советот е избран од минатата година. Изборот на Камбовски за прв човек на Советот доаѓа во време кога ова тело е под постојани критики од власта и во време кога е најавено разрешување на членовите избрани од Собранието. Но, Камбовски не сакаше да ги коментира овие најави на Владата, туку само рече дека се надева дека законодавниот дом ќе работи според законите и уставот.

Владата ги заврши јавните расправи со експертите за новиот закон за судски совет.

Новиот закон треба да биде готов до јуни идната година, а работната група во Министерството за правда треба да ги собере сите предлози на судиите и да ги подготви предлог-измените на Законот за Судски совет. Предложените измени опфаќаат измени во критериумите за избор на член на Советот однос и Адвокатската комора и од меѓу-универзитетската конференција да дадат свој предлог за избор на член.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button