ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски кажа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во одговор на новинарско прашање рече дека од средина на месецов партијата ќе започне со анкети и анализи на можните кандидати за градоначалници, а имињата се очекува да бидат поснати и споделени со јавноста кон средината на мај.

Advertisements

– Сè уште не сме донеле одлука за имињата на кандидатите за градоначалници. Во тек е  внатрепартиската дебата. Од страна на општинските комитети се пристигнати предлози со имиња кои треба да се најдат во анкетите, во мерењата. Во втората половина на јануари започнуваме со интензивни мерења. Очекувам во втората половина на мај на граѓаните да им ги соопштиме околу 90 проценти од имињата на кандидатите за градоначалници кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија – рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button