ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

На 14 јануари ќе биде пуштен дел од патот Градско – Дреново, на 17-ти првата делница од пругата кон Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 14-ти јануари да биде пуштена првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново во должина од 25 километри, со што, како што посочи, ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на државата. На 17-ти месецов се очекува да биде пуштена и првата делница од пругата кон Бугарија.

Advertisements

– По тој експресен пат ќе се движат возилата со брзина од 130 километри на час. Има мало слечиште кое очекувам да биде санирано и пуштањето да биде на 14-ти овој месец, поточно, за шест дена од денес со што драматично ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на Македонија, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на општина Штип.

Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри. Најави дека продолжуваат и активностите на автопатот меѓу Прилеп и Битола и очекува во рок од три години и тој да биде завршен

На 17 јануари се очекува да биде пуштена и првата делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button