ВЕСТИЗДРАВСТВО

Мехмедовиќ: Метапневмовирус е стар вирус, да не се крева паника дека ќе ни се случи нова пандемија

Нема простор за паника, метапневмовирусот е стар вирус и не треба да се очекува дека ќе биде нов ковид-19, вели во изјава за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

Advertisements

„Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Не треба да се очекува дека ова ќе биде новиот ковид-19 и не треба да се крева паника дека ова ќе биде нешто што повторно ќе се репризира – налик она што беше 2020 година кога се ширеше САРС-КОВ-2“, вели Мехмедовиќ.

Тој посочува дека вакцина за овој вирус не постои и нагласува дека смртноста од него е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот.

„Компликациите од овој вирус се исклучително ретки. Вообичаени се кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет“, додаде Мехмедовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button