Шуто Оризари се дави во отпадоци

„Шутка повеќе не личи на Дубаи. Како оваа дива депонија која е создадена во уличка на Шуто Оризари, има многу такви во целата Општина Шуто Оризари. Жителите се жалат дека по протестот што го направија пред Град Скопје поради немањето јавен превоз во Шуто Оризари, ова е одмазда од Град Скопје за жителите на Шуто Оризари“, пренесува репортерот на Алсат.
„Редовно си ги плаќаме сметките, но погледнете во какво ѓубре се наоѓаат. Имаме деца и тие можат да добијат болести, ќе добијат некои болести и нема да има лек. Шутка повеќе не личи на Дубаи. Шутка беше мал Париз, но сега ниту Дубаи, ниту Ѓорче…“
„Ова е жива болест, ако не сте болни и сакате да се разболите дојдете во Шутка и ќе се разболите, тоа е…“
„Го фрламе ѓубрето за да можеме да си одиме дома, претходно немаше такво ѓубре, бидејќи излеговме да протестираме и не ги пуштаат возилата да го собираат ѓубрето. Катастрофа е, никогаш не било вака“, реагираат жителите на Шуто Оризари.
Според градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ѓубрето веќе неколку месеци не се чисти во оваа општина што според него ова е дискриминација.
„Имаме реален проблем и мислам дека има дискриминација на цело маало, се плашиме од заразни болести бидејќи ова е втор месец од овој проблем но не не слушаат туку ни се закануваат со казни против општината и мене за тоа што не постапуваме но не можеме да постапиме за нешто што не сме должни да го направиме. Издадена ни е сметка за собирање на депонии 253.978 денари , отпад кој ги создава и после тоа не доаѓаат да го собираат отпадот во Шуто Оризари“, вели Дудуш.
Испративме прашања до Град Скопје во врска со обвинувањата на жителите на Шутка дека отпадот не се собира поради одмазда за протестот пред Град Скопје во врска со немањето јавен превоз, но одговор не добивме. Се обидовме да добиеме одговори и од Комунална хигиена за тоа кога ќе се отстранат дивите депонии од Шутка, но не одговараа на телефонските повици.
Авни Тахири