ВЕСТИСВЕТ

Најмалку пет лица загинаа во пожарите во Калифорнија, огнената стихија се шири низ Лос Анџелес

Билансот на загинати во пожарите кои од вторникот беснеат во округот на Лос Анџелес се искачи на најмалку пет лица, а огнената стихија и понатаму се шири и зафаќа површина од десетици илјади хектари, јавуваат светските медиуми.

Во моментов надлежните се борат со шест пожари, од кои најновиот кој избувна е во Холивуд Хилс, на само неколку стотина метри од познатиот Холивуд булевар, што иницираше нова наредба за евакуција на засегнатите жители.

Advertisements

Најголемите и најразорните пожари што ја зафатија Калифорнија и градот Лос Анџелес се во луксузната област Пацифик Палисејдс, каде според „Гардијан“ гори површина од 15 832 хектари, како и областа Итон, каде се зафатени 10 600 хектари.

Ширењето на пожарите во Харст и Холивуд Хилс, предизвикува загриженост кај жители на Лос Анџелес каде е издадена наредба за евакуација на речиси 100 000 луѓе, бројка која постојано се менува. Дополнително, шумски пожар има и во областа Вентура.

Во пожарите што од вторникот беснеат во сојузната држава Калифорнија досега се уништени околу 1 500 објекти.

Поради ситуацијата сите училишта во училишната област во Лос Анџелес од денеска ќе бидат затворени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button