ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се доработува повлечениот предлог-закон за средно образование

Предлог-законот за средно образование во моментов се доработува, рече на денешната прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска и очекува до крајот на месецот тој да биде готов и повторно да се врати во собраниска процедура.

„Го доработуваме тој закон. Секогаш може подобро. Имаме неколку членови што сметаме дека треба да ги доработиме. Очекувам законот да биде готов меѓу 20. и 25. овој месец, и тогаш ќе го вратиме во Собрание“, рече таа.

Advertisements

Посочи дека разговараат со коалициските партнери поради одредбата за интонирање на државната химна во училиштата, поради што овој предлог-закон беше повлечен од собраниската процедура.

Додаде дека како одговорен министер и како одговорна Влада нема да дозволат политиката да ги запре процесите во образованието.

„Сметам дека не е голема греда тој член и да се изостави, особено зашто во оваа држава никој никому не може да му забрани да ја слуша, интонира и пее химната на оние што сакаат. Се надевам дека во некои идни времиња сите ќе се почувствуваме како граѓани на една единствена држава. И сите ќе ги почитуваме симболите на нашта заедничка држава. И дека тоа нема да биде проблем“, вели Јаневска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button