Меџити најавува конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот

Министерот за екологија Изет Меџити вели дека Владата работи на намалување на загаденоста на воздухот и оти според него инспекторатот секојдневно е на терен за да ги казни фирмите кои не ги почитуваат мерките. Меџити вели дека главни причинители на загадувањето не се само индустриите, туку и домаќинствата кои согоруваат се за да се загреат.
„Од тука имаме состанок за конечни мерки. Првото ќе биде враќањето, така што ќе се обидеме уште еднаш да ја ставиме во функција целосната гасификација на Република Северна Македонија, особено во урбаните центри, а во исто време приоритет ќе имаат гасните електрани, кои исто така ќе да помогне во централното греење. Истовремено, на граѓаните ќе им биде понудена алтернатива и за гасификација и за парно греење, покрај тоа што дополнително ќе се поддржат инвертерите и другите системи, замена на дрва или други грејни средства… Работиме и кон такси компаниите, се охрабруваат да користат електрични возила“, рече Меџити.
И тетовци со денови дишат загаден воздух. Градоначалникот Билал Касами вели дека општината ги почитува сите мерки.
Во меѓувреме, СДСМ продолжува да ја обвинува власта дека не презема ништо за аерозагадувањето и поради оваа причина предложија неколку мерки за борба против загадувањето.
Од СДСМ велат и дека одговорноста за аерозагадувањето е на власта, која мора да ги смени погрешните политики и да почне да размислува за граѓаните.
Линда Ебиби