Партиски реакции пред утрешната седница за неколкуте интерпелации

Собранието утре продолжува со работа, а единствените точки за кои ќе се разговара се интерпелациите на Европскиот фронт против вицепремиерот Изет Меџити, министерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски и заменик министерот за внатрешни работи. Од ДУИ велат дека интерпелацијата против Стоилковиќ беше покрената за да ја заштитат државата од неговата српска и путинистичка политика, додека за Меџити да го заштитат да не стане како Стоилковиќ.
„Оваа постапка не е само критика кон него, туку можност да се спаси од ризикот да стане олицетворение на истата политика, едноставно да стане „другата страна на истата паричка“ што ја застапува Стоилковиќ. Всушност, со оваа иницијатива за недоверба сакаме да му дадеме можност да го напушти својот колега Стоилковиќ и другите кои им служат на странски интереси, ставајќи ја личната моќ над општиот интерес“, велат од ДУИ.
Но, Меџити не размислува како ДУИ. Се наведува дека актуелната влада работи на економски развој, децентрализација, борба против корупцијата и враќање на правната држава.
„Тие тргнуваат од себе, мислат дека начинот на кој размислуваат е начинот на кој мислат другите. Пред нас сè уште имаме живописни фотографии од кога гордо го пречекаа Вучиќ во Охрид. Сите тенденции кон дестабилизација не беа за народот или граѓаните, туку за бегство од правдата, за крајно коруптивните дела што се случија. На ова им стави печат нивниот партнер во власта, СДСМ денеска се оградија, велејќи дека се оградуваат. Глава на корупцијата беше ДУИ“, рече Меџити.
Интерпелациите против функционерите утре најверојатно нема да поминат, со оглед на тоа што ниту СДСМ нема да ги поддржи, бидејќи како што кажаа, не сакаат да станат дел од етничките поделби.
Во меѓувреме, петта точка на дневен ред е интерпелацијата против претседателката на собраниската комисија за социјална политика, Илире Даути. Интерпелацијата ја покрена партијата „Левица“ со оправдување дека Даути како претседателка на комисијата ги нема ставено на дневен ред предложените измени на законот за „бранители“, иако тоа постојано го бараа пратениците на СДСМ, ВМРО но и „Левица“. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека за секоја интерпелација ќе се расправа посебно, а може да се расправа и во текот на денот, во зависност од тоа колку пратеници ќе се појават да зборуваат. Сепак, до крајот на денот мора да се гласа.
Зекирија Хаџиу