МАКЕДОНИЈА

„Вреди“ со осуда за изјавите на Костадинов: Тој е маргинален проруски политичар во Бугарија

Владејачката коалиција „Вреди“ утринава ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој рече дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.

Advertisements

Нарекувајќи го маргинален проруски политичар од Бугарија, од „Вреди“ велат оти изјавите на Костадинов не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту, пак, го олеснуваат процесот за интеграција на земјава во Европската Унија. Велат оти со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Бугарија се обврзала да биде партнер, промотор и поддржувач на земјава на патот кон членство во ЕУ.

„Коалицијата ‘Вреди’ во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од коалицијата.

Додаваат оти како коалиција ќе продолжат да работат на заштита на интересите на граѓаните и на обезбедување сигурен пат кон евроинтеграциите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button