ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Finance Think: Мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на особено висока инфлација

Finance Think препорачува мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на особено висока инфлација, а во сите останати случаи да се заменат со структурни мерки или мерки засновани врз пазарни принципи, и тоа: доследна и непристрастна примена на Законот за нефер трговски практики, зајакнување на капацитетот и алатките на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ремонт на системот на земјоделски субвенции за поголемо домашно производство, и таргетирана буџетска поддршка на најранливите сегменти од населението.

Advertisements

Како што денеска објавија од Тимот на Finance Think, направениот наод укажува дека мерките за ограничување на цените на храната ја смируваат инфлацијата само привремено, бидејќи штом мерката престане да важи, цените повторно се зголемуваат. Инфлацијата, се наведува во соопштението, се враќа на динамиката од пред мерката, скоро во целост, но не е проценето натфрлување,

– Наодите од анализата покажуваат дека мерките за ограничување на цените на храната извршиле благ агрегатен ефект и силен непосреден ефект. Просечната инфлација кај храната во периодите без примена на мерки изнесувала 0.5%, месец-за-месец. Со мерките, во просек инфлацијата кај храната била негативна најмногу до -1%, односно со мерките цените на храната се намалувале. Оттука, оценетиот ефект е релативно голем. Меѓутоа, тој ефект се разводнува по првиот месец од примената на мерката (кога таа траела подолго од еден месец). Ова означува дека додека мерките извршуваат најсилен очекуван ефект на намалување на цените на храната во првиот месец, тој ефект брзо се намалува веројатно заради прилагодувања на пазарната динамика (на пример, кај цени на алтернативни производи кои не се предмет на мерката), појаснуваат од Finance Think.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button