ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

Обвинителството никогаш не даде позитивно мислење и не се согласи за условен отпуст на осудениот Сашо Мијалков, информираат денеска оттаму, откако поранешниот шеф на УБК повторно беше актуелен во јавноста по видео кое се појави на социјалните мрежи, а во кое тој излегува од Ферари и се упатува во луксузен хотел во Монте Карло.

Advertisements

„Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител. Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст„, велат од Основно јавно обвинителство.

Надзорот за условен отпуст пак е одреден од Судот, а може да вклучува посебни мерки како надзор или заштита. Кога станува збор за предметот Трезор, ниту во овој случај обвинителството нема дадено позитивно мислење за на Мијалков да му биде вратен пасошот.

„На 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост. Позитивно мислење во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд, велат од Основно јавно обвинителство.

Мијалков беше обвинет и осуден за повеќе дела што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, но за најголемиот дел од нив застапи застарување. Мијалков одлежа казна само за случајот „Империја“, во кој се спогоди со обвинителството и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот, кој првично беше проценет на 30 милиони евра. До овој момент, не е продаден ниту половина од конфискуваниот имот, а државата допрва очекува од него да заработи сума од над 20 милиони евра./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button