ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ѓубрето ги судри Арсовска и Дудуш

Ѓубрето ги судри Арсовска и Дудуш

Ѓубрето и дивите депонии во Општина Шуто Оризари ги скараа градоначалникот Курто Дудуш и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Нивните меѓусебни препукувања за тоа чија одгвороност, но и надлежност е неисчистеното ѓубре траат со денови.

Advertisements

Откако Дудуш го впери прстот во Арсовска дека Комунална хигиена треба да го расчисти ѓубрето, градоначалничката му одговори со нови кривични пријави, обвинувајќи го дека тој треба да ја сноси одговорноста за хаосот во општината. По ова, Дудуш излезе со соопштение, во кое вели дека Арсовска му се одмаздува.

“Данела, како резултат на инаетот кој и се јави после организираниот протест, даде јасни инстирукции на ЈП Комунална хигиена – ниту една канта со ѓубре од Шуто Оризари нема да се собира! За своето неработење, за своето инатење пренесено во забрани за испорака на услуги на нејзините претпријатија, Данела ќе одговара. Ќе одговара со над 1000 кривични пријави кои ќе бидат лично пуштени од граѓаните кои плаќаат сметки редовно секој месец”, рече Курто Дудуш, градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Пред три месеци жители на Шуто Оризари поддржани токму од првиот човек на општината протестираа пред седиштето на град скопје поради редуцираниот јавен превоз, но од Град Скопје иако упативме прашања не одговараат дали токму овој протест е некаква причина за проблемот со нечистењето на ѓубрето и депониите во општината. Градоначалничката вчера објави дека Дудуш постојано креиера диви депонии и дека за него веќе се поднесени 40 кривични пријави за вакви и слични дејствија.

„До овој момент против градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креиерање диви депонии и загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните„, рече Данела Арсовска.

Додека траат препукувањата, општината се полни со ѓубре, како и диви депонии кои и натаму остануваат неисчистени./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button