
Екрем Асани го сретнавме како лупи кромид на неговата тезга на Битпазар во Скопје.
Според него, продажбата на овошје и зеленчук на пазарите во земјава е значително намалена. Токму ова го принуди Екрем да најде друга работа, односно да лупи кромид за ресторани додека чека купувачите да дојдат на неговата тезга.
Кажи ми зошто лупите кромид? Барај си ја среќата. Тоа е тоа. Да да заработиме 10 или 5 денари повеќе од распродажбата и да врзиме крај со крај. Каде ги продаваш така излупени? Ова е она што најмногу го зимаат рестораните. Дали сте принудени да ги лупите за да направите продажба? Да, со ова што го работам задоволен сум затоа што продажбата на тезга е значително намалена поради маркетите. Маркетите ни ја блокираа работата, не само во Бит Пазар туку и низ Скопје„, рече Екрем Асани – Продавач на кромид.
Покрај тоа што Екрем се жали на недостиг од купувачи, друг продавач се жали и на конкуренцијата од маркетите.
„Залудно е, нема ништо. Нема веќе луѓе и нема вредност. Да се продава за 120 денари оваа пиперка е грев. Купувачите се жалат дека цените се високи? Не, не се високи, пиперките и летово беа со оваа цена, нека се жалат по маркети, не на пазар. Кој го предизвикува проблемот? Повеќе маркетите затоа што продаваат и овошје и зеленчук и така тезгите ќе се затворат“, рече еден Граѓанин.
Додека продавачите се жалат дека продажбата е значително намалена, купувачите се жалат на високите цени на производите на пазарот.
„Скапо е. Да бидам искрен, скапо е. 140-150 денари е пиперката, за што друго да зборуваме? Што ќе купувате? Излегов да купам нешто, но многу скапо. Дали беа поевтини пред празниците? Не, скоро 4 или 5 месеци што одат само нагоре, Господ нека ни е на помош затоа што со пензија од 16.000 денари не можеме„, додаде друг Граѓанин.
„Скапо. Откако ќе се качат, веќе не се намалуваат цените. Кои производи беа најскапи? Види, спанаќот скоро еден месец е 70 денари или 80 денари за килограм и останатото е исто“, нагласи друг грѓанин.
Според продавачите, цените на пазарот биле исти и пред празниците, додека според купувачите цените на производите се повеќе се зголемуваат и според нив со стандардот и приходите што ги добиваат не можат да ги покријат трошоците за еден месец./Алсат.мк
Авни Тахири