ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор

На Попова Шапка утрово е најстеудено со измерени -9 степени Целзиусови и со најмногу снег 52 сантиметри, а најтопло е во Претор со 2 степени.

Advertisements

Во Маврови Анови се измерени -8 степени, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп и Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид и Дебар, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес и Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 1 степен во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дебар – 16 литри на  метар квадратен, 12 во Маврови Анови, Охрид, 10 попова Шапка, Берово, 9 Крушево, Претор, 7 Крива Паланка, 6 Струмица, 4 Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 Штип, 1 Кавадарци, Тетово, Виница.

Висината на снежната покривка, како што информираа од УХМР, во 07 часот е 35 сантиметри во Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец и 1 сантиметар во Струмица и Демир Капија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button