ВЕСТИСВЕТ

Обвинителот Џек Смит поднесе оставка по завршувањето на кривичната истрага на Трамп

Американскиот специјален советник Џек Смит поднесе оставка од Министерството за правда, по завршувањето на кривичните истраги против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп поради неговите наводни обиди да го смени поразот на изборите во 2020 година, објави денеска Политико.

Advertisements

Веста за оставката на Смит беше објавена во фуснота во поднесувањето на Министерството за правда до американската окружна судијка Ајлин Кенон претходно денеска, барајќи од неа да не го продолжува судскиот налог со кој привремено се блокира објавувањето на конечниот извештај на Смит за истрагите на Трамп.

Претставниците на Министерството за правда рекоа дека судијката ги надминала нејзините овластувања и дека таа нема овластување да го блокира јавниот обвинител Мерик Гарланд да ги објави наодите на Смит.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button