ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снегот повторно ги изненади општините и јавните претпријатија

Земјата денеска се разбуди под снег. Алсат беше на терен, во општина Чаир, одблиску да ја увиди состојбата.

Advertisements

„Како и многу градови во земјава, главниот град е покриен со снег. Додека ние сме на терен не видовме специјални возила за чистење на патиштата. Главните патишта се чистат само од возилата кои се движат по улиците, додека многу тротоари што ги користат граѓаните се речиси целосно неисчистени“, пренесува препортерката на Алсат.

Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ не соопштуваат дали нивните екипи се на терен и дали имаат обезбедено доволно средства за отстранување на снегот. Прашања испративме и до Град Скопје, но не добивме одговор.

Центарот за управување со кризи соопшти дека сообраќајот на улиците во Скопје е отворен за сообраќај, но во тешки зимски услови.

Но, по денешните врнежи и ниските температури и силниот северен ветер кои се најавени, не се исклучува подмрзнување.

Од СДСМ обвинуваат дека и покрај милионските договори на Јавното претпријатие за одржување на патиштата „Македонија пат“, патиштата се уште не се чистат соодветно и се загрозени животите на граѓаните.

„Најголеми тендери се оние на Јавното претпријатие за одржување патишта „Македонија пат“, кое досега има склучено три двегодишни договори во вредност од 1,3 милиони евра годишно за сол и чакал. Но, поради неспособноста на надлежните, сообраќајот се одвива отежнато, а ризикот од сообраќајни несреќи е зголемен“, рекоа од СДСМ.

Во меѓувреме, од Јавното претпријатие за државни патишта „Македонија пат“ велат дека со полн капацитет работат на чистење и одржување на државните патишта во зимски услови.

„Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови, а на повеќе патни сегменти има снег. „ЈП „Македонија пат“ гарантира дека будно ја следи состојбата и навремено интервенира за да се обезбеди непречено и безбедно движење на возилата“, велат од Македонија Пат.

Поради врнежи од снег денеска имаше ограничувања за движење на тешки возила на повеќе патни правци во земјава. Врнежи од снег се предвидуваат и за утре, но со повремени прекини.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button