Почнаа теренските работи за проширување на патот од Шипковица до тунелот кон Призрен

Општина Тетово веќе започна со работа на проектот за проширување на патот, кој ќе започне од Шипковица до тунелот што ќе го поврзува патот Призрен со другата страна, онаа од Косово. Иако пред извесно време беше најавено дека општината со сопствени средства ќе го прошири и асфалтира овој пат, истиот веќе влезе во буџетска процедура на Владата на РСМ, поточно на ЈПДП, која по проектирањето, се очекува да започнат работите на асфалтирање и проширување.
Според првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, поголемиот дел од земјиштето каде што ќе се проширува патот е во државна сопственост, а мал дел ќе биде со експропријација, по што ќе се започне со проектирањето на тунелот.
„Ние како општина веќе презедовме неколку чекори за определување на трасата на патот, особено обиколницата што треба да се направи во село Шипковица, каде веќе е одредена трасата на патот, од кои најголемиот дел е државно што ќе го олесни процесот на експропријација. Во оваа насока работиме интензивно и во текот на оваа година она што се очекува да го имаме треба да бидат проекти за изградба на патниот сегмент, еден дел нов пат, а другиот проширување на постоечкиот пат од излезот на патот до Попова Шапка до село Шипковица“, рече Касами.
Според Касами, работните групи на двете земји веќе почнале да работат на проектирање на тунелот. Тој рече дека другиот дел, кој е подеднакво важен, е со сегментот од Тетово до влезот во тунел, што е обврска на Владата и проектирањето на овој пат е вклучено во патната програма за 2025 година. Патот кон Призрен ќе чини 200 милиони евра, а половина од парите за овој пат треба да ги обезбеди Република Косово, а половина Република Македонија.
Башким Сулејмани