ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пресуда за „Тврдина“: Јанкуловска ослободена, Грујевски, Бошковски и Јакимовски добија затворски казни

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушувањето. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е ослободена од вина. Вака денеска одлучи скопскиот Кривичен суд.

Advertisements

Според пресудата, Горан Грујевски, ексначалникот на Петтата управа кој е во бегство, доби 14 години и шест месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување на службена исправа. На Никола Бошковски, вработен во УБК кој исто така е во бегство, за истите дела судот му додели казна затвор од 9 години и 10 месеци.

Судијата Илија Трпков на Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, му досуди три години затвор.

Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор. Истата нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години не направи друго кривично дело.

Според судијата Трпков, Јанкулоска не учествувала во уништувањето на опремата заедно со останатите обвинети.

„Обвинетата Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува“, рече судијата Трпков.

Судијата пресуди и Грујевски, Јакимовски и Бошковски да ја надоместат направената штета во износ од 87 422 668 илјади денари во рок од три месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button