
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит. и ќе изнесува 79,50 ден.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 73,00 ден/лит.