ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството предводено од Иван Стоилковиќ во јавноста на веб-страницата го нарекува Косово како „Косово и Метохија“

Министерството предводено од Иван Стоилковиќ во јавноста на веб-страницата го нарекува Косово како „Косово и Метохија“

Министерството за односи меѓу заедниците, под раководство на министерот и вицепремиер Иван Стоилковиќ, го нарекува Косово „Косово и Метохија“ во објава од пред неколку месеци на нивната веб-страница. Објавата известува за активност на министерот и пишува:

Advertisements

„Спортскиот камп, кој се одржува од 1 до 11 август во Студентскиот центар на гимназијата „Патријарх Павле“ во Белград, годинава се одржува петти пат по ред. Дел од кампот, кој е целосно бесплатен, уќествуваат деца на возраст од 12 до 15 години, кои доаѓаат од Косово и Метохија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Српска, Италија, Франција, Германија, Австрија, Канада, Америка, Австралија, Унгарија, Словенија, Украина, Белгија, Луксембург и Грција“, стои во објавата од Министерство за односи меѓу заедниците.

Алсат се обрати до министерот за појаснување. Оттаму велат дека не станува збор за соопштение, туку за веста што ја објавил министерот.

„Ова воопшто не е соопштение испратено до медиумите. Туку е вест објавена на личниот Фејсбук профил на министерот. Активноста е во месец август“, велат од Кабинетот на министерот Иван Стоилковиќ.

Од Кабинетот не објаснуваат зошто е објавен скандалозен став на официјалната веб-страница на Министерството, што е спротивно и на Уставот. Тие инсистираат на тоа дека веста е стара. Пристапот на Алсат го нарекоа дезинформациски.

Вицепремиерот Изет Меџити не кажа дали во Владата ќе се побара одговорност кон неговиот колега за конкретниот случај, но рече дека ставот на коалицијата ВЛЕН кон министерот со српска етничка припадност, е јасен.

„Што се однесува до Стоилковиќ, ни го додовме во порака. Во моментот на интерпелацијата не беа присутни ниту еден член на ВЛЕН. Ние не негираме дека Стоилковиќ е претставник на Србите. За жал, првин, тој е нивниот претставник. Ние не се залагаме да го направиме Албанец или да размислува како нас. Но, разликата меѓу нас и оние од минатото е тоа што тие по сопствена иницијатива станаа дел од Отворениот Балкан, кој не го призна Косово “, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Срам и понижување за Влен и нивната политичка „метохија“, го нарекуваат од ДУИ ставот на министерот Стоилковиќ

„Значи, оние кои се кандидираа на изборите фалејќи се со поддршката на политичка партија во Косово, денес го прифаќаат и користат јазикот на Белград! Ова е кулминација на нивната политичка деградација и понижување за ВЛЕН. Ова не е само навреда за Косово, туку и срамно предавство на Албанците кои ВЛЕН ги измами за да ги добие нивните гласови“, велат од ДУИ.

Македонија го призна Косово како држава веднаш по прогласувањето независност во 2008 година. Во уставните амандмани за промена на името на земјата од 2019 година, Македонија го запиша Косово во Уставот како една од државите со кои земјата се граничи./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button