
Поранешните министри од ДУИ, Груби, Бесими и Шаќири, како играат фудбал во кабинетот на Груби, како и потрагата по Груби, кој е во бегство, беа најинтересните маски, помеѓу стотината, кои годинава предизвикаа најголемо внимание на Вевчанскиот карневал. Вевчанци и годинава ја покажаа својата смисла за хумор, исмејкувајки ги општествените и политички случувања минатата година, а на удар секогаш се и носителите на јавни и политички функции. Овде беа и маските, планетата на мајмуните, инспирирана од истоимениот филм, Државна лотарија,бугарската администрација во Македонија, премиерот Мицкоски, како и традиционалните маски, зетот и невестата, глупавиот август, и ѓаволите.
„Ние сме фудбалерки.Ние сме невести фудбалерки.Секој против секого ќе игра. Играме сите протоив секого“, рече еден граѓанин.
„Јас сум министер за финансии на Македонија. Сега сакаме малку да ја дрибла,е заради ред и да си направиме по наше.Имаме прослава и ќе поиграме фудбал во нашето место“, додаде друг.
„Ево тука сум, ако треба ќе се соочам со лицето на правдата.Ќе се соочам со лицето на правдата.Јас сум Груби“, рече еден друг граѓанин.
„Јас сум Бугарин, администратор.Ова е Ваташа. Јас сум македонски херој. Ако погледнете, овде пишува Ваташа., еве Македонија, бугарска Македонија“, изјави еден граѓанин.
Градоначалникот Спасе Кочоски, вели дека општината никогаш нема увид во маските, со оглед на тоа дека изминатите години дел од маските предизвикуваа голем револт во јавноста, дури и меѓудржавни проблеми, како што беше палењето на бугарското знаме во 2019 година.
„Општината никогаш не ги знае маските.Ги знаат само тие што ги маскираат.И мојата помала керка се маскира, а јас ке ја видам, сега на дефилето, каква маска има. И најблиските роднини не ги знаат маските и тоа е убавината на Вевчанскиот карневал.Ние дозволуваме овие два дена, да не ме сфатите во негативна смисла, дека секој ќе прави онака како што сака, меѓутоа атмосферата ќе биде како и секоја година. Мислам дека се ќе биде во најдобар ред“, рече Спасе Кочоски-градоначалник на Вевчани 46.
Вевчанци велат дека живеат за овој ден, цела година.
„Заначаен е многу.Ова е единствен ден кој за нас најмногу вреди.Во минатото исто вака беше, само немаше палење на маски, немаше некои маски кои сега се излезени.Стариот карневал си беше нормален за Вевчанец.Беше ли порано забрането маскирањето?Било забрането, постарите од нас паметат.Се забрани во времето на комунизмот и пред комунизмот.Но сега се е дозволено“, рече еден жител на Вевчани.
„Ако ставите рогови тоа е ѓаволска работа.Погачата, ракијата, гајдата, традицијата , носијата ги сметам за нормално.Но роговите и оние маски да не се гледаме што се, таквите работи треба да се заборават. Тоа се пагански работи“, додаде друг жител.
Карневалот се одржува секоја година во пресрет на Стара Нова година, која се слави вечерва.Се претпоставува дека е стар колку и самото село, повеќе од 1400 години. Завршува утре со палење на маски, сред село, точно напладне./Алсат.мк
Мики Трајковски