Полицијата врши контроли на патот кон Попова Шапка и Маврово, апелираат да се почитуваат препотраките за безбедност
Полицијата врши контроли на патот кон Попова Шапка и Маврово, апелираат да се почитуваат препотраките за безбедност

Поради големите наноси од снег, денеска продолжи да важи одлуката за задолжителна зимска опрема. Во утринските часови СВР Тетово постави полициски патроли за контроли за поседување зимска опрема, на оние кои патуваат кон Попова шапка и Маврово.
„Апелирам до граѓаните да не тргнуваат по овие патишта без зимска опрема, односно без ланци, бидејќи може да се заглават на коловозот и да го блокираат целиот сообраќај. Така да, со летни гуми, како што наидовме кај некои граѓани, не треба ни да помислат на тоа затоа што полицијата на местата на тргнување кај жичарницата Тетово и почетокот на патот за Маврово, спроведува контроли и овие автомобили ќе бидат вратени и ќе добијатг соодветни претставки “, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
И понатаму тешко проодни се патиштата до Шарпланинските села. Од општина Тетово и од општина Гостивар изјавија дека работат на расчистување на снегот.
„Општина Тетово ги презема неопходните мерки за чистење на патиштата при врнежи од снег, но бидејќи врнежите се постојани, ова го отежнува чистењето на снегот во планинските села. Во некои делови успеавме да интервенираме, но треба повторно да интервенираме. Исчистено е и во градот, каде што ќе продолжиме со чистење на тротоарите, како што почна акцијата синоќа, додека денеска ќе продолжиме со фрлење на сол“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на Општина Тетово.
„Вчера општина Гостивар ги стави во функција и економскиот оператор и двете јавни претпријатија и почнавме со пред подготовки. Засега сите патишта во градот и селата се исчистени и се проодни. Денеска се чистеше и во четири планински села до кои поради обилните снежни врнежи вчера не можеше да се стигне, а заклучно со овие села целата територија на општина Гостивар е проодна и исчистена од снег“, рече Валбон Лимани градоначалник на Гостивар.
И покрај ниските температури и голомразицата, за среќа нема пријави за сообраќајни несреќи./Алсат.мк
Башким Сулејмани