Граѓаните во инвалидски колички тешко можат да се движат кога тротоарите се неисчистени од снегот
Граѓаните во инвалидски колички тешко можат да се движат кога тротоарите се неисчистени од снегот

Го сретнавме Шевал Беќири на враќање од продавница, каде што имаше купено намирници за неговите потреби.
Иако лице со посебни потреби, во зимски услови и снежна покривка, тој мора да обезбеди храна за себе, но вели и ужива во снегот што по долги години паднал во Скопје.
„Колку Ви е тешко да одите да купувате работи за дома на снег? Ладно е, врне снег, тоа е проблемот. Каде бевте? Тука живеам. Гледам дека имате купено работи за дома, дали беше во продавница? Да, купив леб и сокови, работи што ми требаат за дома. Јас сум инвалид, воопшто не можам да одам… вчера не излегов бидејќи не можев, но денес излегов, снегот од едната страна е радост, но од другата страна за постарите… зима е, снегот е бериќетен, добро е да има“, рече Шевал Беќири – Граѓанин.
Додеказа дел од граѓаните, снегот што падна во Скопје предизвика разни неволји и проблеми, за други тоа е радост и особено за децата од кои едвај чекаа да го видат првиот снег во Скопје по многу години.
Покрај работниците од Општина Чаир, кои излегоа да ги чистат тротоарите, се сретнавме и со голем број граѓани на Скопје кои самоиницијативно ги чистеа влезовите во своите домови и продавници./Алсат.мк
Авни Тахири