СПОРТ
Андреј Рубљов рано го заврши настапот на Австралија Опен

Сите три сета му припаднаа на младиот Бразилец со 7-6, 6-3, и 7-6. Противник на Фонсека во второто коло ќе му биде Лоренцо Сонего од Италија кој го елиминираше ветеранот и поранешен шампион од Мелбурн, Стен Вавринка.
Инаку, Фонсека кој има 18 години минатата година настапи на турнирот за млади тенисер до 21 година и успеа да го освои.