ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Даути со свои услови за да остане на функцијата

Даути со свои услови за да остане на функцијата

Иако претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека гласањето за интерпелацијата против Илира Даути како претседател на Комисијата за социјална политика нема правна последица, според Илире Даути, таа била разрешена во моментот кога мнозинството во Собранието го изгласало заклучокот по интерпелацијата. Во интервју на Алсат таа вели дека попрво би дала оставка отколку да биде принудена да работи по диктат на Левица и да го стави на дневен ред предложениот закон за бранители.

Advertisements

„Ми се чини дека доколку Илире Даути сака да остане претседател на комисијата, таа е должна да ја стави таа точка на дневен ред. Никогаш нема да го направам ова! Ако до сега служев на каузата вршејќи ја функцијата претседател на комисијата и во овој момент ако служам на каузата за да не бидам причина да се изгласа таа точка, избирам да не бидам претседател на комисијата во никој случај, како „покорена“, рече Илире Даути – претседател на Комисијата.

Пратениците на ВЛЕН не гласаа ниту за интерпелацијата ниту за заклучокот од интерпелацијата. Но, ова не е доволно за Даути. Таа вели дека ако се искрени, тогаш Гаши треба да покрене иницијатива за укинување на заклучокот.

„Да го тестираме ВЛЕН, дали се искрени во помошта и барањето Илире Даути да биде претседател на комисијата? Подготвена сум, но Африм Гаши да ја свика пленарната седница, пратениците да дојдат и да гласаат токму за укинување на тој заклучок што го донесоа тој ден и тие да гласаат за Илире Даути за претседател на комисијата како слободни и невлијателни пратеници, без диктат и без претходно утврдени услови, во форма како што одлучил“, додаде Илире Даути – претседател на Комисијата.

Во меѓувреме, Движењето Знам и СДСМ побараа од Европскиот фронт да предложи друг пратеник за претседател на комисијата. Но, на средба со граѓаните, првиот човек на АА, Зијадин Села, рече дека доколку треба да предложат друг кандидат за претседател на комисијата, повторно ќе ја предложат Илире Даути./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button