Поради лизгање, 10 лица дневно завршуваат на ортопедија во Тетово
Поради лизгање, 10 лица дневно завршуваат на ортопедија во Тетово

Најмалку десет лица дневно бараат помош на одделението за ортопедија и трауматологија во тетовската клиничка болница, како последица на повреди од лизгање по мраз. Лекарите апелираат до луѓето, особено до постарите, да не излегуваат на улица неподготвени.
Жителите бараат општината да ги исчисти и тротоарите во делови од населбите, бидејќи пешачењето по заледени или снежни тротоари предизвикува проблеми кај постарите лица.
„Воопшто не, ги гледате самите катастрофа, дури и во селата. Истото се случува во секој град„, рече еден жител.
„Треба да се исчистат правилно. Некаде се чисти, а некаде не, кој како поминал“, додаде друг.
„Треба подобро да се чистат, но чисти се. По снег е лошо. Се лизна и ја скрши раката„, нагласи друг жител.
Од општина Тетово велат дека се работи на чистење на тротоарите и екипите се на терен.
„Екипите на Јавното комунално претпријатие „Тетово неколку дена по ред се на терен. Најпрво се исчистија булеварите и најфреквентните улици, а заедно со чистењето на улиците се фрлеше и сол. Но, имаше континуирани врнежи, така што тие се на терен и ќе ги чистат преостанатите делови од градот денеска и во наредните денови„, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.
Во наредните денови се очекува да се исчистат секундарните патишта, како во градот, така и во околните села./Алсат.мк
Башким Сулејмани