Обвинителството работи на уште неколку предмети поврзани со ЕСМ, но и РЕК Битола
Обвинителството работи на уште неколку предмети поврзани со ЕСМ, но и РЕК Битола

По отворањето на случајот „Адитив“ во кој обвинение има против двајца поранешни директори Васко Стефанов и Васко Ковачевски кој е во бегство, Обвинителството работи на уште неколку предмети поврзани со ЕСМ, но и РЕК Битола, објави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“.
Сите овие посебни предмети се наоѓаат во предистражни постапки, а истите се поврзани со спорни набавки на енергенти, а се отворени и ќе се водат во Основното Јавно Обвинителство во Битола. Коцевски нагласи дека ова обвинителство работи со полн капацитет на овие случаи и најави дека од први феверуари таму ќе биде отворен и истражен центар со цел дополнтиелно да се прошират капацитетите за работа на вакви случаи.
„Во моментов основното јавно обвинителство битола работи на шест постапки за тендери плус работи и на други псотапки за набавка на јаглен, мазут и така натаму, што значи дека има доста работа се прибираат доста докази. За дел активирани се и МВР и БЈБ со нивното одделение за сузбивање на криминалот , така да во скоро време очекувам да и таму имаме резултати„, рече Љупчо Коцевски, државен јавен обивнител .